Расте интересот за тоа како ќе помине барањето на СДСМ до Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, откако Уставниот поведе постапка за оценување на уставноста на тој член, кој овозможува да се повлече еднаш дадено помилување.

Ако Уставниот суд го укине тој член, во иднина шефот на државата не ќе може да повлекува дадено помилување, но ако го поништи – тоа ќе значи слобода за 50-тина обвинети во случаите на СЈО.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и координаторите на пратеничките групи денеска треба да се договорат дали и кога Законодавно-правната комисија ќе заседава и ќе го разгледа барањето на СДСМ.

Во зовриена атмосфера на тема „Уставен суд“, премиерот вчера се огласи преку видео обраќање, во кое оцени дека во  изминатите две и пол години се покажало дека судството останало последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Тој порача дека мора да се прочисти судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO