Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер Шинзо Абе ʺмалоумник и политичко џуџе“ и го обвини за излишно потценување најновиот ракетен тест на Пјонгјанг, соопштува Би-Би-Си. Повод за острата реакција беше коментарот на Абе, кој го опиша тестирањето во четвртокот на повеќенаменскиот ракетен систем како „лансирање на балистичка ракета“.

Дeнес, државниот медиум на Северна Кореја соопшти дека Јапонија ʺнаскоро може да види вистинска балистичка ракета“. На Пјонгјанг му е забрането лансирање на вакви ракети со неколку резолуции на Советот за безбедност на ООН. Земјата е подложена на бројни санкции за своите ракетни и нуклеарни програми. Укинувањето на овие санкции е клучно за Северна Кореја во преговорите со САД, кои се клучен сојузник на Токио во регионот. За жал, тие разговори се во застој по средбата меѓу лидерот Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп во февруари, која заврши безуспешно.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO