Шампионот Манчестер Сити прими гол во 88-та минута и заврши само 2-2 на гостувањето на Њукасл во 14-то коло од Премиер лигата. Граѓаните поведоа со голот на Рахим Стерлинг во 22-та минута, но три подоцна Џетро Вилемс изедначи.

Ситуацијата се повтори во второто полувреме. Кевин Де Бројне постигна прекрасен гол во 82 минута, откако ја запре топката на градите и од воздух шутираше кон голот. Таа се одби од гредата и влезе неодбранливо за Дубравка. И овој пат, сепак, „свраките“ имаа одговор. Џонџо Шелви постигна прекрасен гол од далечина во 88-та минута.

До крајот на натпреварот Сити не успеа повторно да постигне гол и со тоа повторно не успеа да победи на „Сент Џејмсис Парк“. Нерешениот резултат ги остава ʺГраѓанитеʺ привремено на второто место со 29 поени и на 8 од лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку. Њукасл е на 12-то место со 16 бода и ги продолжува силните игри на домашен терен.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO