Бугарија треба да одговори тврдо на српските провокации и да не ги заобиколува. Ова го изјави Димитар Бечев, предавач на Универзитетот во Северна Каролина.

Тој ги коментираше тврдењата на српските власти дека бугарското разузнавање дејствува активно во Србија и ја застрашува нејзината националната безбедност со своите дејства. ʺНа такви провокации треба да се одговори тврдо и да не се заобиколуваат“, изјави за БНР експертот кој е автор на книгата „Русија се враќа на Балканот“.

Тој верува дека односите меѓу Србија и Русија ќе продолжат во иста насока, и покрај шпионскиот скандал. „Не очекувам по договорите, кои се во срцевината на односите. Да има некаков пресврт и промена“, рече Бечев.

Според него, нашиот регион не е приоритет за руската надворешна политика. ʺБалканот е второстепено прашање, кое од време на време изникнува. Политиката на Русија е – „Балканот е слаба алка“ и кога треба да се осуштестви притисок врз Западот, секогаш таму се наоѓаат празнини. Русија ги нема истите ресурси како НАТО и ЕУ и истата понуда кон земјите од регионот “, истакна Бечев.

Решението на францускиот претседател Емануел Макрон да ја блокира европската интеграција на Македонија е негативно.

ʺТоа ја поткопува ЕУ и нејзините напори да наложува стабилност и да им помага на овие земји во регионот да се реформират. Јас сум благ оптимист на долг рок. За Северна Македонија, мнозинството држави-членки се за започнување на преговори. Се чини дека ќе се најде компромис во кој ќе има ревизија на методологијата за преговори. Можеби ќе има зелено светло за Северна Македонија, Албанија веројатно ќе остане да чека “.

Според него, треба да има целенасочени напори и јасна стратегија за како да и се помогне на Северна Македонија да се справи со внатрешните проблеми. Тука е залогот за ЕУ, категоричен е Димитар Бечев.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO