Францускиот претседател Емануел Макрон ќе има состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа заедно со германската канцеларка и со британскиот премиер Борис Џонсон ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник во Лондон, пред самитот на НАТО, соопшти синоќа Елисејската палата.

Претходно турските власти го обвинија Макрон дека „спонзорира тероризам“, откако тој ја критикуваше воената операција на Турција во Сирија. Лидерите на НАТО во вторник вечер во Бекингемската палата ќе учествуваат на свечен прием што го организира британската кралица Елизабета Втора.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO