Унапредување на регионалната соработка што ја поттикнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама била тема на разговор меѓу директорот на Директоратот за соседски политики и проширување, Кристијан Даниелсон и премиерот Заев, соопшти владината прес-служба.

На средбата била охрабрена оваа иницијатива заради фактот што таа е во согласност со Берлинскиот процес, и особено заради инсистирањето во неа да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан. Даниелсон, се наведува во соопштението, му ја пренел на премиерот Заев пораката од новиот еврокомесар за проширување и добрососедски односи, Оливер Вархељи дека ЕК останува на безусловната поддршка за старт на преговорите со Северна Македонија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO