Изградбата на пругата кон Бугарија не напредува како што треба, а земјава ризикува да ги изгуби дадените средства од ЕУ доколку не постои никаков напредок во реализацијата на железничкото поврзување. Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во изјава за „24ТВ“ тврди дека Македонија недоволно ги користи ЕУ-фондовите.

– Ние дадовме 70 милиони евра за да се комплетира железничката пруга од Скопје до Бугарија и ова уште не е имплементирано. Покрај тоа, дадовме уште 60 милиони евра за истата пруга да продолжи, но оваа програма не напредува како што треба и мора да напредува. Ние ризикуваме многу, да ги изгубиме овие фондови до крајот на проектот, доколку нема никаков напредок – вели Никола Бертолини.

Државата, преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ несериозно се однесуваат кон проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Првата фаза од железничкото поврзување со Бугарија започна да се гради во 2014 година, со ветување дека пругата меѓу Куманово и Бељаковце ќе биде пуштена во употреба до 2016 година. Три години подоцна, оваа пруга не само што не е ставена во функција, туку во моментов продолжува да се гради со ветување дека ќе се пушти во 2020 година.

За втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка земјава подигна кредит од Европската банка за обнова и развој во декември 2014 година. Пет години подоцна, сѐ уште не е започната изведбата на пругата, а проектот е заглавен во делот на избор на градежна компанија што ќе ја гради пругата.

Бертолини во изјавата за „24ТВ“ реагира за дадените неповратни средства од ЕУ за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка во јули 2017 година. Со овој грант за половина се намали задолжувањето на нашата земја кон ЕБОР за реализација на овој сегмент од пругата. Дополнително, Македонија преку ИПА фондовите на ЕУ доби и неповратни средства од 60,8 милиони евра за изградба на третата фаза од проектот меѓу Крива Паланка и Деве Баир.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO