Тимот на Далас Маверикс го совлада гостувачкиот Голден Стејт Вориорс со 142-94 во натпревар од редовната сезона на Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада. Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ го направи својот пореден одличен натпревар, завршувајќи по седми пат во сезоната со трипл-дабл (35 поени, 11 асистенции, 10 скокови). 201 сантиметри високиот кошаркар ги постигна сите свои поени за само 26 минути. Претходно во неделата, тој исто така забележа трипл-дабл со рекордните во кариерата 42 поени против Сан Антонио.

Маверикс ја забележаа својата трета последователна победа на домашен терен и сега имаат биланс од 9 успеси и 5 порази на 5-то место во Западната конференција. Вориорс го запишаа својот осми пораз во последните девет натпревари и се најдоа на последното место на Западот со 3 победи и 13 порази.

Други резултати:

Атланта Хоукс 127-135 Милвоки Бакс;

Бруклин Нетс 101-91 Шарлот Хорнетс;

Мајами Хит 124-100 Кливленд Кавалирс;

Торонто Рапторс 113-97 Орландо Меџик;

Лос Анџелес Клиперс 107-104 Бостон Селтикс; по продолженија

Денвер Нагетс 105-95 Хјустон Рокетс;

Чикаго Булс 109-89 Детроит Пистонс;

Минесота Тимбервулвс 95-103 Јута Џез;

Филаделфија 76-ерс 109-104 Њујорк Никс;

Вашингтон Визардс 138-132 Сан Антонио Спарс.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO