Рускиот амбасадор во ЕУ  аплаудираше на спротивставувањето на Емануел Макрон против проширувањето на ЕУ како знак на тоа како Кремљ ја користи „разрушителната дипломатија“ на францускиот претседател, за да ги нагласи поделбите меѓу европските сојузници, соопштува „Фајненшл тајмс“.

Владимир Чижов, амбасадорот-ветеран на Кремљ во европскиот блок, изјави дека Макрон „има поента“ кога тој тврди дека ЕУ треба да се справи со тензиите меѓу своите членки пред да започне разговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија. .

Коментарите на Макрон за прашањата,  кои варираат од проширувањето на ЕУ до „мозочната смрт“ на НАТО предизвикаа силни критики од некои сојузници за тоа, дека Европа се прикажува како слаба, додека други коментатори го пофалија, дека се исправува пред големите проблеми.

ʺПретседателот Макрон има поента кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со своите внатрешни работи пред да продолжи со проширувањето“, , изјави во интервју Чижов, кој ја врши функцијата од 2005 година. „И секако објективно, претерување  е да се каже дека и Северна Македонија, особено Албанија, се подготвени за членство, – со сета почит кон тие две држави” .

Русија е една од неколкуте конкурентни сили што се борат за властта во Северна Македонија, Албанија и четири други земји на Западен Балкан, кои се опкружени со држави од ЕУ и се стремат да се присоединат на блокот. Франција беше сама, кога минатиот месец се спротивстави на започнувањето на присоединувањето со Скопје и им се придружи на Холандија и Данска, блокирајќи ја кандидатурата на Тирана.

Според критичарите ставот на Париз е штетен за влијанието на ЕУ во регионот и не ги награди големите чекори како оние, при кои Северна Македонија го смени своето име за да стави крај на повеќедеценискиот спор со соседна Грција.

ЕУ самат се насочи кон аголот со својата руска политика … бројот на политички лидери кои го разбрале тоа се зголемува.

Владимир Чижов, руски амбасадор во ЕУ

Чижов рече дека нема да ја коментира „точната дефиниција“ на тврдењето на Макрон од минатата седмица дека НАТО претрпела „мозочна смрт“, како резултат на несогласувања и недостаток на координација меѓу сојузниците.

Но, тој кажа дека францускиот претседател „како што јас го разбирам … изрази некои стравувања, кои ги имаат многу луѓе во земјите членки на НАТО“.

ʺНАТО … во светлината на изјавата на претседателот Макрон, има многу за дискутирање во тесен формат“ на самитот во Лондон следниот месец, рече амбасадорот. Тој додаде: „Сите знаеме што требаше да каже американскиот претседател [Доналд] Трамп за НАТО во различни фази од неговото претседателствување“.

Многу дипломати на НАТО се загрижени за предизвиканите тензиите заради воената инвазија на Турција во северна Сирија и меѓу Трамп и европските сојузници. Американскиот претседател ја обележа алијансата како „застарена“ во неговата предизборна кампања и оттогаш јавно ги критикува европските сојузници зашто не успеваат да трошат повеќе за своите армии.

Коментарите на Чижов веројатно ќе предизвикаат бес во некои европски земји, кои тврдат дека интервенциите на Макрон се контрапродуктивни, бидејќи тие ја поткопуваат довербата кон НАТО и ЕУ, вклучително и со Русија.

Матеуш Моравецки, полскиот премиер, го осуди прашањето на Макрон за тоа дали членките на НАТО сè уште можат да сметаат да се заштитуваат меѓусебно како „опасно“. Тој рече дека францускиот лидер е во „различна позиција“ од некои европски колеги затоа што „не го чувствува топлиот здив на руската мечка на вратот“.

Чижов кажа дека чекал „трпеливо“ на момент во кој една земја на ЕУ ќе има „храброст да зборува“ за да наложи вето на санкциите против Москва поради анексијата на Русија на Крим во 2014 година, иако рускиот амбасадор го отфрла коридтењето на терминот „анексија“.

Амбасадорот рече дека се надева оти обидот за подобрување на односите со Русија, предводен од Макрон и Финска, која е ротирачки претседател на ЕУ, да бил сериозен и суштински.

Некои земји, вклучително и балтичките држави и Полска, се скептични, тврдејќи дека Русија со Владимир Путин не го променила своето поведение.

ʺСпоред мое мислење, ЕУ сама се насочи кон аголот со својата руска политика“, рече Чижов. „И луѓето и политичките лидери, кои го разбраа тоа, растат“.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO