Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск е единствениот кандидат за лидер на Европската народна партија (ЕНП) на изборен конгрес што започнува утре во Загреб. Околу 700 делегати ќе гласаат тајно и резултатот ќе биде објавен истата вечер, изјави портпаролот на ЕНП.

За прв пат, источноевропски политичар ќе го предводи големото семејство на европската десница, во кое се вклучени партии како што се германските христијан-демократи или француските републиканци.

Меѓу кандидатите за потпретседател на ЕНП е и бугарската комесарка Марија Габриел.

Иако некои предвидуваа дека претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ, може да биде на списокот на кандидати за заменик претседател на ЕНП, тоа не се случи.

На 62-годишна возраст, Туск, во последните 5 години раководеше со една од клучните функции на европските институции – Претседател на Европскиот совет. На 1 декември тој ќе ја отстапи функцијата на поранешниот премиер на Белгија Шарл Мишел.

Пред оваа функција, Туск беше полски премиер од 2007 до 2014 година.

Мандатот на претседателот на ЕНП е три години и може да се обновува неограничен број пати.

Белгиецот Вилфред Мартенс ја водеше партијата 23 години, од 1990 до 2013 година.

Околу 2000 луѓе доаѓаат на конгрес на ЕНП во Загреб, а ќе присуствуваат најистакнатите европски лидери на ова политичко семејство, германската канцеларка Ангела Меркел, досегашниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и новиот претседател Урсула фон дер Лајен и многу други . На првиот ден, учесниците ќе одржат сесија за претседателството на ЕНП.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO