Македонското Министерство за надворешни работи не било информирано за грчката намера за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган Macedonia the Great завчера во Солун и оти ја подрива меѓусебната доверба.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија цени дека ваквиот унилатерален приод кон решавање на прашања, кои, согласно Преспанскиот договор, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници, не е најсоодветен пристап кон почитување и имплементацијата на обврските од Договорот. Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици. На пристапот применет во Преспанскиот договор, од страна на меѓународната заедница, се гледа како потенцијален модел за надминување на отворени прашања меѓу други држави“, рекоа во МНР за Радио Слободна Европа.

Тие потсетуваат дека, според Преспанскиот договор, се предвидува рок од три години за решавање на постојните затечени прашања за трговските марки и ознаки.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO