Хрватите спаѓаат меѓу најнезадоволните граѓани во ЕУ, покажуваат резултатите од ново истражување на евростатистичарите. Имено, со просечна општа оценка за квалитетот на животот од само 6,3 во 2018 година, Хрватите се позадоволни единствено од Бугарите, кои на квалитетот на живот му дале просечна оценка 5,4. Оценките се движат од нила, која означува целосно незадоволство, па до 10, што е оценка за целосно задоволство.

 Просечната оценка за квалитетот на животот на граѓаните од ЕУ во 2018 година изнесувала 7,3.

Додека задоволството од квалитетот на животот во Бугарија минатата година се зголемило во однос на 2013 година, кога било оценето со 4,8, задоволството од животот во Хрватска во истиот период стагнирало, односно просечната оценка останала иста. Тренд на стагнација во оценката за квалитетот на животот во ЕУ во истиот период е забележан и во Белгија, чии граѓани се позадоволни со начинот на живот од Хрватите, оценувајќи го со 7,6, што е над просекот во Унијата.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO