Албанскиот премиер Еди Рама денес ја критикуваше Приштина дека не учествуваше во Иницијативата за регионална соработка, изразувајќи уверување дека Косово, како дел од регионот, ќе учествува на средбата закажана за следниот месец во Драч.

Рама кажа, дека фактот што Србија и Босна и Херцеговина сè уште не ја признаваат независноста на Косово не треба да биде пречка за косовскиот претседател или премиерот да учествуваат рамноправно на вакви лидерски средби и да ги изразар своите видувања во врска со иницијативата за регионална соработка.

ʺОва е момент е да се каже дека лидерите на шесте земји од Западен Балкан се сретнале, седеле, разговарале во Софија, Лондон, Познан, Трст, Париз, Брисел, Берлин, Виена, Драч, Скопје, Сараево, Улцињ и ги усогласувале становиштата за сите одредби содржани во иницијативата. Тие средби не доведоа до признавање на Косово од страна на Србија и БиХ, но не го спречија претседателот или премиерот на Косово да учествуваат и да разговараат за иницијативата рамноправно“, рече Рама.

ʺНе сум го променил мислењето дека Србија треба да го признае Косово, но не решавањето на ова прашање не е апсолутно оправдување Косово да биде исклучено од решавање на проблемите на своите граѓани“, кажа Рама.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO