ʺПазете се од данајците, дури кога ви носат и даровиʺ.  Оваа древна мудрост на Вергилиј многукратно е потврдена во современата историја на Независна Македонија и во целост важи и за новиот српски проект ʺМал Шенген”.

Овој проект со кој Белград себе си се самопромовира за регионален лидер на Западен Балкан,  излезе на јаве веднаш по блокирањето на започнувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија за присоединување со ЕУ од страна на официјален Париз. На преден план во поткрепа на идејата за ʺМал Шенген” се исфрлаат идеите за економско здружување. Ваквото економско здружување било од економски интерес за нашите земји и затоа требало да работиме на отстранување на царинските и трговските бариери. На прв поглед убаво звучат ʺдаровитеʺ но основното прашање е кој што од земјите добива од овој проект.

Србија која веќе потпиша договор со Евроазиската Економска Унија, преку Скопје и Тирана ќе си има пристап до албанските и грчките пристаништа. А во услови кога започнувањето на преговорите со ЕУ за Северна Македонија и Албанија се под знак прашање, Белград им се нуди да ги поведе во ʺекономски походʺ, а зошто не како алтернатива и во Евроазиската Економска Унија.

Да не се залажуваме, секогаш зад вака добро спакувани ʺдаровиʺ стојат некакви повисоки национални и стратешки интереси.

Ваков ʺдар” ни беше даден од Белград во 2001 година со предлогот за демаркација на меѓудржавната граница, со кој Србија индиректно доби признавање од македонска страна дека Косово е нејзин составен дел. Веднаш потоа изби војната во Македонија, која ако не беа усилијата на меѓународната заедница, можеше да ги насочи нештата за разрешување на косовското прашање по српски терк. Да потсетам ова се случи 7 години пред Косово да ја прогласи својата независност.

Имам чувство дека и во новиот ʺдар” од Белград, централно место има Косово, но овој пат признавање дека Косово е составен дел на Србија, како да добива и од Скопје и од Тирана. Впрочем денес косовскиот претседател Хашим Тачи објави на Фејсбук дека откажал да присуствува на средбата на врвот во Охрид, изјавувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со каква и да е регионална иницијатива. Дополнувајќи дека Косово ќе стане дел од ваквите регионални иницијативи само како рамноправна држава.

Во контекст на сето ова, останува не секој индивидуално да си носи заклучок, зошто изјавата на Иванка Василевска- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дека при услов на федерализација треба да се размислува за вториот дел од референдумското прашање, т.е. за сојуз со Србија, не беше критикувана од Мицкоски.

При услови кога сосема скоро ќе станеме полноправен член на НАТО, а на југ и исток граничиме со земји членки на ЕУ, сосема логично, во наш национален интерес, но и во интерес на стабилноста на целиот регион, иницирање на Централно-балканска иницијатива ( Бугарија, Грција, Северна Македонија и Албанија). Во ваквиот формат Северна Македонија категорично ќе ја зајави и промовира својата евроатлантска ориентација, а преку зголемување на соработката со Грцији Бугарија постепено да се интегрираме кон единствениот економски пазар на ЕУ.

И она што е најважно овој формат и практично ке ја докаже потребата за влегување во ЕУ на земјите од Западен Балкан со различни брзини.

––––––––––––

автор: Мирослав Ризински, потпретседател на Бугарски Културен Клуб-Скопjе

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO