Премиерите на Северна Македонија и Албанија-Заев и Рама и српскиот претседателот на Србија Вучиќ на тристрана средба синоќа ја одобрија декларацијата за соработка, се вели во соопштението на македонската влада.

Тристраната средба се одржа во предвечерието на денешната средба со други лидери на Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама разговараа и ја одобрија декларацијата со список на приоритетите и мерките за подобрување на регионалната соработка.

Декларацијата е усвоена по нивната претходна заедничка средба во Нови Сад.

Основата на декларацијата е ангажман за соработка и отстранување на сите пречки за слободно движење на лица, стоки, услуги и капитал, како придонес за граѓаните на сите земји во регионот во постигнување на заедничката крајна цел – полноправно членство во ЕУ.

Ангажманот за зајакнување на соработката заснована врз заедничка прифатената декларација се очекува да обезбеди заедничка царинска контрола на граничните премини, заедничка соработка во врска со фитосанитарната контрола и слободно движење на граѓаните во трите држави со лични карти.

Декларацијата ги објавува можностите за отворен пазар и пристап до бизнис иницијативи во регионот, без оглед каде се создадени компаниите, создавање на нови работни места и поттикнување на заедничкиот потенцијал за раст. Оваа иницијатива отвора големи можности за младите да се запознаат со европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со поглед на економскиот прогрес на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација.

Синоќа кон премиерите Заев и Рама и претседателот Вучиќ се придружија претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и црногорскиот министер за економија Драгица Секулиќ за време на вечерата што ја приреди премиерот Зоран Заев.

Потоа се предвидува пленарна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан со претставници на Европската унија, Советот за регионална соработка, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и заедничка прес-конференција.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO