Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на Фејсбук дека откажал да присуствува на средбата на врвот во Охрид, изјавувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со каква и да е регионална иницијатива, соопштува Танјуг.

Тој исто така кажа дека на првата средба на врвот за таа нова регионална иницијатива, Србија „намерно го запоставила Косово“.

Според Тачи, оваа регионална иницијатива е „бесмислена“  додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

ʺНие сме ангажирани на надминување на тековните пречки преку дијалог и меѓусебно препознавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како рамноправна држава “, напиша Тачи.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO