ʺИ ние како германците можеме да кажеме дека Берлинскиот ѕид меѓу Бугарија и поранешна Југославија денес падна. Од денес, Србија има пристаниште Варна, пристаниште Бургас и до центарпот на Истанбул – нема семафор“.

Ова го изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов на официјалното отворање на новоизградениот дел од автопатот од бугарската граница до градот Ниш, Србија. Трасата е дел од паневропскиот транспортен коридор No. 10. На отворањето, бугарскиот премиер беше поканет од српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува репортер на БГНЕС.

ʺДенес ги поврзуваме Азија и Европа преку Бугарија и Србија“, истакна премиерот Борисов пред стотици гости на церемонијата. Премиерот истакна дека целата бугарска индустрија би можела да го користи овој пат за Западна Европа и ги сподели своите честитки за неговото отворање.

ʺБугарија денес е поблизу од кога било, затоа му благодарам на премиерот Бојко Борисов“, се обрна српскиот претседател Вучиќ кон бугарскиот премиер. Вучиќ истакна дека Србија ќе се поврзе и со братска Бугарија и преку ʺБалкански потокʺ. „Без соседите – куќата не може да се заштити. Со нашите бугарски комшии – нашиот пат е отворен. Премиерот Бојко Борисов кажа дека од денес Србија има пристап до пристаништата Варна и Бургас. А тој е добредојден – и во Пирот и Ниш “, кажа уште српскиот претседател пред бугарскиот премиер и неговата делегација.

Пред церемонијата, премиерот Борисов и претседателот Вучиќ разговараа за напредокот на важните инфраструктурни проекти за регионот. „Нема семафори од Белград до Бургас. Нема семафори од Белград до Истанбул. И сега градиме од Бургас до Варна да нема семафори. И кој е од таа страна врти кај Софија десно и стигнува до Солун преку автопатот Струма, рече бугарскиот премиер. Српскиот претседател даде висока оценка на направеното од бугарската влада.

Делот што го отворија српскиот претседател и бугарскиот премиер денес е долг 86,9 км, а градежните работи започнаа во 2011 година. Проектот е во вредност од 476 милиони евра, со финансирање од Европската инвестициска банка , Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Изградената траса опфаќа 87 мостови, 5 тунели (Банцарево, Сопот, Сарлах, Пражна и Протон со вкупна должина од 2,6 км) и 5 ​​клучки. При изградбата се искористени 290.000 кубни метри бетон, 37.000 тони арматура и околу 780,000 тони асфалт. Овој автопат ќе ги поврзе двата региона – Ниш и Пирот, со население од околу 450.000 луѓе и ќе обезбеди полесна врска на Источна Србија со најблискиот аеродром Константин Велики во Ниш.

Со пуштањето во употреба на трасата од бугарската граница до Ниш или т.н. „Источен расклон“ се завршува изградбата на целиот дел од транспортниот коридор No. 10 низ територијата на Србија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO