Денес навршува 1 година од влегувањето во сила на решението стоките произведени во Србија, увезувани во Косово, да бидат подложeни на 100% царина, соопштуваат српски медиуми.

Мерката доведе до големи економски загуби од двете страни на границата. Посилно меѓутоа беше влијанието врз билатералните односи, бидејќи доведе до блокирање на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Според агенцијата Танјуг, Косово го презел овој чекор по отказод да стане полноправна членка на Интерпол.

Независно од економскиот ефект, уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор не за економска, а за политичка мерка, коментира „Политика“.

Идејата беше да се принуди Србија да престане со „кампањата“ за повлекување на признавањето на независноста на Косово. Во текот на оваа година, дипломатската активност на Белград доведе до повлекување на актот на признавање од страна на 15 држави, пишува весникот.

И покрај тоа што воведувањето на царините доведе до блокирање на дијалогот, во Приштина останаа непопустливи, и покрај настојувањето на Брисел, Вашингтон и голем дел од меѓународната заедница, да се укинат царинските давачки.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO