Идната влада на Косово, раководена од Албин Курти, може и без членови на Српска листа, рече заменик-претседателот на движењето ʺСамоопределувањеʺ Бесник Бислими. Српската партија освои најголем процент од гласовите на Србите на Косово, потсетува МИА.

Според Бислими, Српска листа ќе се консултирала со Белград дали да учествува во идната влада на Албин Курти. Пред тоа, меѓутоа таа партија треба да покаже дека го почитува уставот на Косово и да докаже дека ја признава косовската држава и работи во нејзина корист.

Политичарот смета дека може да има влада и без учеството на Српска листа.

Тој потенцира дека во членот 92.1 од Уставот е запишано дека Владата на Косово треба да работи во согласност со Уставот.

ʺТоа значи дека ја признаваме државата Косово и работиме во корист на таа држава. Српска листа треба писмено да декларира дека ја признава косовската држава и ќе работи во полза на интересите на Република Косово. Нема да дозволиме од нашиот буџет да се плаќа на луѓе или рупи кои работат на уништувањето на сопствената држава“, категоричен е Бислими.

Тој смета дека во оваа ситуација, секоја од страните треба да пројави флексибилност и да најде долгорочно решение за подобрата иднина на државата.

Според Бислими, 100% царина за српски производи увезени во Косово не е доволна мерка во односите со таа држава. Новата влада треба да приложи реципрочни мерки.

ʺЌе искористиме секакво економско решение со кое Србија ќе и наштети на косовската економија и за кои ниту ЕУ, ниту други држави имаа забелешки за да ги приложиме од своја страна“, изјави потпретседателот ʺСамоопределувањеʺ.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO