Претседателот на Собранието Талат Џафери отфрла можност за повторно свикување на Парламентот заради ратификацијата на Протоколот за НАТО, откако тој веќе ќе биде распуштен согласно со роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април.

Во интервју за Македонската радио-телевизија Џафери рече, дека Изборниот законик предвидува 60 дена за спроведување на изборите. Според него, не може да се прави аналогија за парламентарните избори со изборот на претседател на државата, кому кога му престанува функцијата по кој било основ, Уставот пропишува 40 дена.

Џафери смета дека не може да се раководи од хипотезата што ќе се случи во Шпанија, една од трите земји каде се уште не е ратификуван Протоколот за нашето членство во НАТО, а каде на 10 ноември се закажани вонредни избори.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO