Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес упати остро предупредување против Кина и Русија во предвечерието на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

ʺЗападните, слободни нации имаат одговорност да спречат заканите за нашиот народ“ од страна на владите како Кина, Русија и Иран, рече Помпео, говорејќи на само неколку метри од местото каде што ѕидот минуваше покрај светски познатата Бранденбургска порта во германската престолнина.

САД и нејзините сојузници треба „да го заштитат тоа што беше спечелено толку тешко … во 1989 година“ и ʺ да признаат дека сме во конкуренција на вредности со не-слободни нации“, додаде тој.

Осврнувајќи се на конфликтни моменти во срската на Вашингтон со Берлин, Помпео изјави дека недовршениот гасовод ʺСеверен поток 2ʺ од Русија кон Германија ќе значи ʺенергетсите снабдувања на Европа… да зависат од каприците на (рускиот претседател Владимир) Путин „.

Канцеларката Ангела Меркел во неколку наврати рече дека гасоводот е чисто приватен бизнис проблем.

Исто така Макрон предупреди за „намерата на кинеските компании да градат 5G мрежи“, откако германската влада не успеа да го исклучи технолошкиот гигант „Хуавеи“ од процесто на наддавање за инфраструктура од следната генерација на мобилна мрежа.

Помпео е во многу натоварена дводневна посета на Германија, каде го посети местотото на неговата воена служба за време на Студената војна на поранешната граница на Железната завеса и планирал да се сретне со лидери, меѓу кои и Меркел.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO