Од 2020 ќе се зголемат платите за основно, средно и високо образование за 10 отсто, рече денеска министерот за образование Арбер Адеми по средбата со претставниците на СОНК. Двете страни преговараа за зголемување на платите, СОНК бараше тоа да стартува со почетокот на годината, а Владата предлагаше од април.

„Ќе се врати дигнитетот на наставничката професија и ќе се создаде сатисфакција во образованието“, рече министерот Арбер Адеми. Тој вели дека ќе продолжат да работат на подобрување на статусот на наставниците и условите во кои работат.

Имаме покачување над 21 проценти на платите во образование за мандатот на оваа влада, рече Адеми.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO