Уште од падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години, западните лидери постојано нагласуваа дека не постои проблем на Европскиот континент кој не може да биде решен со помош на Европската Унија или со ширење на европскиот проект.- Пишува Кристофер Р. Хил за Project syndicate.

Но, долгорочното решение  се чини дека се менува, припишувајќи го тоа на внатрешните проблеми во самата Евроспка Унија и американската индифиерентност.

Можеби на прв поглед изгледа чудно, Соединетите Американски Држави да охрабрат членство во нечиј туѓ клуб. Но од лидерска позиција во НАТО, примарната европска безбедносна организација, САД секогаш ги поддржуваше европските напори да ги консолидираат политичкото и економското заедништво на континентот. И ЕУ, од нејзина страна, препозна дека членството во овој блок е логична аспирација за пост-Советските земји. Продлабочувањето и проширувањето на ЕУ структурите се докажа многу потешко од она што многу американски набљудувачи го сметаа, европските лидери продолжија, а САД ги поддржаа, затоа што за нив беше полесно да бидат на страната на ЕУ, особено по Студената Војна која се водеше меѓу САД и Русија

Европскиот Совет на скорешниот состанок, на Самитот на 17 и 18 октомври потврди дека нешто, сепак, се променило. Францускиот претседател Емануел Макрон ја донесе судбоносната одлука да го блокира стартот на преговорите за влез во Унијата на Албанија и Северна Македонија.

Со Велика Бријанија која ја напушта ЕУ и повлекувањето на канцеларката Ангела Меркел од политиката, Макрон е очигледен наследик на европското лидерство. Но, неговите причини за проширувањето на ЕУ се неразбирливи. Многумина, дури и Балканците кои се склони кон верување во теории на заговор, сметаа дека Макрон, едноставно, нема апетит за тешките процеси на прием на уште две нови земји кои би требало да станат членки, а се од сè уште проблематичниот регион, наспроти внатрешните предизвици со кои ЕУ веќе се соочува.

Сепак, разочараноста, дури и лутината за Макроновата одлука можеше да се насети и во Тирана и во Скопје. Северна Македонија, покрај сè, само што го промени официјалното име, со цел да ја смири Грција, која стави вето на Македонија во 2008 година, поради сличноста на името на грчкиот регион Македонија. Во меѓувреме, Бугарија, членка на ЕУ, ги исфрустрира напорите на Северна Македонија, обвинувајќи ја Македонија дека бугарски херои ги присвоила како свои и бараше Северна Македонија да ги промени сите учебници по историја.

Соочени со сите овие барања и борејќи се со корупцијата наследена од претходната власт (чиј лидер, чудно, доби азил во Унгарија), Северна Македонија, со релативно новиот и неискусен премиер Зоран Заев, заклучи дека земја мора ургентно да стане дел од НАТО и ЕУ.

Заев го истурка долгиот и тежок процес за промена на името, ги нормализираше односите со Грција, ги смири Бугарите и аплицираше за членство. Тој знаеше дека промената на името не помина добро, дека многу Македонци го сметаат тоа за понижување, но дека тоа ќе се оправда и надмине со влез во ЕУ.  Со оглед дека и НАТО и ЕУ го адресираа спорот со името како најголем проблем за членство во Алијансата и Унијата, Македонците силно се надеваа на старт на преговори и влез во двата сојуза.

Од своја страна, НАТО си остана на позициите. Иако се чека уште неколку членки да го одобрат членството, сепак се очекува на декемврискиот Самит, Северна Македонија да стане полноправен член на НАТО Алијансата. Но, процесот за отпочнување преговори за влез во ЕУ стана навистина бавен.

Макрон, која кажа многу малку на темата, се чини загрижен дека со продолжување на зголемувањето на Унијата, ќе се отежни реформирањето на управувачките структури. Но, со наглото кочење на процесот, го стави Заев во незавидна положба. На Македонците им пропаднаа надежите и во април повторно ќе излезат на предвремени парламетарни избори.

Во минатото, би се очекувало САД да истапат и да помогнат. Но, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп има силно недефинирана надворешна политика, се чини дека проблемот со малите Северна Македонија и Албанија дури и не ги регистрира.

Секако, можно е Трамп да е уморен од однесувањето на францускиот претседател како да е ѕвезда. Но, исто така, можно е Трамп да не сака Албанија и Северна Македонија да бидат дел од ЕУ. Сепак, најверојатно е тоа дека Трамп, едноставно, нема поим што, всушност, се случува во Западен Балкан.

Пред само неколку години, САД несомнено работеше да го олесни приемот на овие земји во ЕУ. Додека членството на ЕУ не ги реши своите проблеми, ќе биде лесно да се препознае институционалната слабост и ќе ѝ даде сигнал на реваншистичка Русија дека геополитичката игра на Балканот е при крај.

Со оглед на траумата што ја претрпе регионот во последните 25 години, Америка и Европа имаат должност да го исполнат ветувањето кое го дадоа по Студената Војна.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO