„Во моментот, во висина од над 4 300 000 денари, имаме зафати од поставување на бехатон плочки на повеќе локации и зафати кои претставуваат инфраструктурно подобрување во самите образовни институции. Денес, се наоѓаме на оваа локација, меѓутоа деновиве се работи и на ул. „Дебарска”, видовме дека и во централното градско јадро пред „Јавор”, исто така, така што само за бехатон плочки имаме површина над 873 метри квадратни, или 873 000 денари. Додека, во образовните институции се работи во Гимназијата „Јосип Броз Тито”, соблекувални во ОУ Елпида Караманди, се работи во ОУ Крсте Петков Мисирков, подрачниот дел во село Кравари, а исто така се одвиваат и сериозни активности во спортската сала во ОУ Трифун Пановски.

Само во училиштата имаме сума од над 3 400 000 денари. Сите овие активности се во насока на задоволување на потребите на граѓаните, независно за која возрасна група зборуваме. Морам да нагласам, дека ова што денес го работиме на оваа локација е токму по барање на месното население, кое со години наназад газело буквално во кал кога излегувало од своите домови”, изјави Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Големото значење на проектите кои се веќе во напредна фаза на реализација, го потврдија и жителите на улицата „Девеани”. Сегашната правлива улица, добива комплетно нов изглед

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO