Комесарот за прашањата за проширувањето и соседството Јоханес Хан се обрати кон Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за последен пат утрово во дебатата фокусирана главно на Западен Балкан.

Европскиот комесар уште еднаш изрази жалење што земјите членки на ЕУ не успеаја да постигнат консензус во октомври за да започнат преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и истакна дека ова значително ќе и наштети на довербата во Европската унија.

Тој смета дека ЕУ не може да си дозволи прво да се справи со внатрешната реформа и дури тогаш да ги започне процесите во регионот, затоа што во меѓувреме има опасност од повлекување од реформите на Западен Балкан.

ʺДовербата претрпе голема штета. ЕУ ширум светот зборуваше за успесите на мултилатерализмот и ние сме водечка сила во тоа, но не успеавме да земеме решение. Довербата во нас е нарушена “, изјави Хан пред пратениците.

Тој потсети дека довербата во ЕУ е една од нејзините најсилни страни.

ʺНие гарантиравме дека кога ќе се исполнат критериумите, ќе започнат преговорите. Ние не ги исполнивме нашите ветувања и се надевам дека решението ќе биде преразгледано. Поголемиот дел од државите настојуваат за започнување на преговори со години “, рече комесарот.

Хан исто така потсети дека условите поставени на двете земји во јуни 2018 година беа одобрени со консензус на земјите-членки на ЕУ, а не на Европската комисија и дека ништо не се „наложува“ на земјите-членки.

ʺАко по проверката се утврди дека условите се исполнети од земјите, тогаш не треба да има сомнеж дека треба да се даде зелено светло за почеток на преговорите. Патем, меѓу давањето на зелено светло и отворањето на првите поглавја ќе одземе неколку месеци“, рече комесарот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO