Русија во следните неколку месеци ќе го испорача на Србија ракетниот систем „Панцир С“, согласно потпишаниот договор, изјави денеска директорот на руската Агенција за увоз и извоз на одбранбени производи „Рособоронекспорт“ Александар Михејев. Тој потенцираше дека сè се одвива според планот и нема да има одложувања. „Ракетните системи се составуваат, а српски специјалци се на обука“, изјави Михејев за руската агенција ТАСС.

Пред десетина дена, на воената вежба „Словенски штит 2019“ во Батајница беше претставен овој ракетен систем. Тој беше донесен како придружен на ракетниот систем С-400. Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека ова оружје гарантира долготраен мир.

„Панцир С“ е топовско-ракетен систем, кој обединува ракети земја-воздух, два топа со калибар 30 мм, набљудувачки и нишански радар и електрооптички блок за надзор и управување со стрелба. Основна намена на системот е заштита на важни точки, како што се аеродроми, командни места, комуникациски центри и слично. Наменет е за одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO