Драги Господине Премиер Зоран Заев и Драги Господине Претседател Стево Пендаровски,

Француската симплификација на Балканскиот Монструм

И не дека не сме кажале ,а не можевме да пречутиме,не овој пат.

Не, не е Преспанскиот договор предавство. Нити Рамковниот договор е предавство. Нити територијалната поделба…Нити разно/ разни и доста безобразни договори.

По овие теми немојте да имате никакви немирни сонови. Ве поддржувавме знаејќи дека Македонија едноставно е генератор на проблеми изминатите 150 години. Дека и не е се толку едноставно ,она што е корисното во дневната политика за разгорување на емоции е далеку од реалноста и рационалноста на долг рок. И тоа знаевме. И ВМРО-ДПМНЕ знаеше и посегнаа по кратка ирационалност за гласови но рационалност на долг рок. До овде сме согласни па дури и со Вмро-ДПМНЕ.

Сега би ве замолил да ни опишете со какви тоа симулации влегувате во Српската Генерална стратегија напишана од одамна ,дури во почетокот на деведесеттите.

Се сеќавате ли на големите стратегии 4+2.Каде служевме за подсмев да и еден Киро Глигоров беше насамарен од проектите на Лорд Овен и Карингтон.

Нешто за кое подоцна, приватно и тоа како го потенцираше и признаваше. Да би на крајот се открило дека биле на платен список на Белград. Се сеќавате ли..

Српската Генерална Генералштабна стратегија во втората фаза се разви во импликација на ДОМИНО ЕФЕКТ.

Доколку еден крај од географијата попушти тоа би имплицирало на дијаметрално спротивниот крај на географијата. Отворено прашувам ,познато ли ви е Распад на Македонија или Распад на Босна ,сеедно е ,како завршува тоа по овие чинители.

Само будали и политички неискусни мислат дека е ова историја. Ова драги мои е дневна политика.

Францускиот оддел во нивното МНР и нивните стратегиски центри ,никогаш не мислат така.

Затоа ова сега го имате на маса ,а тие мислат на Пацификација.

Далеку е Француската Пацификација како термин од тој на САД. Франција на Балканот има само еден доследен сојузник во историјата и е нормално да го поддржува.

1.Зошто на Белград и Париз ,ваков  сојуз им е потребен пред отпочнување на финалните преговори за Косовско-Српскиот проблем?

Јас би го задолжил за ова пресметка да направи ,на пример ,Бујар Османи. И да реферира на два јазика, македонски и албански.

Дел советници на оваа влада имаат контакти месеци пред Брисел со една Француска агенција ,АФД чие седиште за регионот е во Белград. И убаво е тоа.Имало и средби во Париз со одговорни ликови на таа агенција. И убаво е тоа.Проблемите настануваат доколку им го посетите нивниот сајт.Од прва ќе ви биде јасно Француското поимање на Балканот и неговата Пацификација.

2.Србија тврди,како генерална стратегија ,а не дневна политика ,тврди-
а.Границите во Босна не се дефинирани
б.Границите со Косово не се дефинираниц.Односите со Црна Гора(се под тепих и сеуште се бараат дефиниции)

Доколку правите некаков сојуз со нив ,значи ли тоа дека
Границите на Северна Македонија ..НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ
или влегувате на состанок на заедничка маса со недефинираните да ве дефинираат и вас.

Прашањето само се наметнува- Дали и колку Србија ги има затворено проблемите со соседите.

Во ваков Сојуз дали би седеле рамо до рамо со проблемите на еден Додик.

Дали би седеле на маса со претставниците на Косово и Србија.

Впрочем не ми е јасно што имаме ние ,Република Северна Македонија со Додик и со Српско-Косовските проблеми.

3.Екомонска Унија со ембарга како предмет и оружје на политички разговори и решавање на иднината на регионот.

Ова е сега реалност и на маса.

Знаете ли дека во подоцнежна фаза не само Косово и Србија туку е можен негативен развој во Босна по економските односи.

Што тука знаат вашите советници? Што ве советуваат да би правеле тогаш.

Зарем мислите и се надевате дека оваа ситуација би се решила од Париз со нивните капацитети кои се големи но за оваа ситуација се смешни.

Како тоа би го решиле тие во Париз без САД. Апсурдно неможно.

Знаете ли како се случи Виетнам. Еве вака ама баш исто. Толку Французите закашкаја да на крај САД интервенираја,Французите храбро избегаја,а мировните договори после се потпишаја во Париз.

Франција се обиде таму да постигни Пацификација. Ама по нивен терк. За разлика од Маршаловиот план  на САД во тој Регион.

Сега за Еди Рама.Да не останам борч.Еди Рама овие 2-3 години е толку порозен да тој би заради себе прифатил исто како и Бујар Османи, ама баш се.

Рама особено има респект на Белградско-Француските односи и веќе подолго време бара излез за себе.Тој знае што би било ако би било и дека светот со вакво ЕУ и онаков Трамп е доста нестабилен но и против неговите лични интереси.

Тој би лобирал за ваков развој на ситуацијата.Заборавете на мекиот и рационалниот соросоид ,Еди Рама.Еди Рама да победи на избори би бил со Белград нај голем лобист за Голема Албанија ,ако притреба за избори.Еди одамна го има изгубено соросоидниот сенс ,а тоа се должи на константите притисоци од ЕУ и САД ,а се поврзани за широка корупција на неговата влада од непознати и доста сомнителни извори.

Ако не ви е познато да си знаете-Нити учениците на Сорбона како Енвер Хоџа немаше да опстанат на власт доколку Париз не ги поддржуваше.Знаат ли вашите советници дека седниците на владата на Енвер Хоџа после распадот со сојузот со Кина се водени на француски јазик.

Голем е Балканскиот оддел при МНР на Франција.Како и да ви звучи добро,за една Република Северна Македонија не звучи добро.

И да речете не сме кажале дека по голема измама и предавство од тргање и заминување од БИЛАТЕРАЛНИ ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ ..НЕМА ма колку сакате да не убедувате- Другата опција е Балкански Преговори.

Ма колку сака нека звучат добро и дигестивно..Предавството на Македонската кауза почнува од овде,а каде завршува..Па верувам на мировни преговори во Париз.

Доста мрачно и хистерично може да ви се чини ова во еден момент.Но ,сите работи почнуваат бенигно дури не се претворат во многу малигно.

А, ќе ве предупредат многу по возрасни и по крупни. Ако не до денес ,па ќе биде скоро.

Раните на Балканот сеуште не се залечени. Не се затворени сите проблеми за ваква крупна агенда. Ние на тој состанок, не треба да учествуваме. Едноставно нека извини Макрон,таму местото не ни е.

Нека Франција ги среди работите со Србија и нејзините граници ,предлагам до тогаш,ваквите агенди без условно да го одложиме.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO