
Франција ќе започне со поставување квоти за работниците мигранти следната година, изјави денеска министерот за труд. „Ова е дел од потегот на владата на претседателот Емануел Макрон да изврши притисок за имиграциската политика како одговор на десничарските критичари“, пренесе АФП.
Властите кои работат со работодавците ќе ги идентификуваат индустриите кои немаат квалификувани кандидати од следната година и ќе го олеснат ангажирањето странци за да се пополни празнината, рече министерот за труд Муриел Пенико.
