Германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот пишува дека претседателот на ЕУ-Комисијата во заминувањеа Жан-Клод Јункер е потполно во право: „Историска грешка“ е што државите на шефови и на влади на ЕУ на 18 октомври одбија да дадат зелено светло за предвиденото започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

Во колумна со наслов „ Гигантска грешка“ во „Die Welt“ Рот пишува дека неуспехот да им се даде датум на Скопје и Тирана е поради потребната едногласност. Приоритетна цел на ЕУ мора да биде, да се направи сѐ на Западен Балкан за мир, помирување и демократија.

„Бидејќи регионот не е „заден двор“ на европската куќа. Тој е „внатрешниот“ двор! Стабилизација и поврзувањето на регионот е во непосреден европски и германски интерес. Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, таа полето го препушта на други актери како Русија, Кина или Турција“. Според Рот позитивна одлука од ЕУ би го испратила потребниот сигнал дека ЕУ е сериозна со нејзината одговорност за цела Европа и пристапната перспектива за Западен Балкан.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO