Шпанскиот левчар Рафаел Надал го совлада Жо-Вилфред Цонга со 7-6 (7-4), 6-1 и се квалификуваше во полуфиналето на Мастерсот во Париз.

Надал го скрши отпорот на Французинот за 1 час и 35 минути и продолжува на турнирот без загубен сет.

Негов противник на претпоследната етапа ќе биде Денис Шаповалов, кој за точно еден час убедливо го совлада Гаел Монфис со 6: 2, 6: 2.

33-годишниот Надал и 13 години помладиот од него Шаповалов досега се сретнале двапати и си разменија по една победа. Канаѓанецот победи во првиот меч на тврда подлога во неговата татковина во 2017 година, а во 2018 година Надал победи на клеј во Рим. Соперници во другото полуфинале денес ќе бидат Новак Ѓоковиќ и бугаринот Григор Димитров, кој покажа одличен тенис во француската престолнина оваа недела. Судирот Ноле – Гришо ќе започне околу 14:00 часот, а потоа на теренот ќе се појават Надал и Шаповалов.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO