Григор Димитров се квалификуваше за полуфиналето на последниот турнир од сериите Мастерс 1000 во Париз, откако за околу еден час и половина го совлада Кристијан Гарин во два сета – 6-2, 7-5.

Бугарскиот прв рекет имаше одличен старт на натпреварот, и по два брејка во воведниот сет, се одлепи во резултатот. На почетокот на вториот сет, Бугаринот започна самоуверено со нов брејк, но Чилеанецот го врати во следниот гејм. При резултат 4-4 Димитров беше колеблив на свој сервис, а тоа го искористи Гарин, кој си извојува право да сервира за изедначување во сетови. Бугарскиот тенисер, меѓутоа направи рибрејк, а со нов петти брејк во натпреварот, успешно го затвори дуелот во своја полза.

На тој начин, Димитров се квалификуваше за своето прво полуфинале во салата „Берси“. Љубопитно е тоа што ова беше деби и за двајцата во оваа фаза на турнирот во француската престолнина (за Гарин тоа беше и првото четвртфинале досега во серијата Мастерс 1000).

28-годишниот Бугарин ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, кој започнува малку подоцна. Другите две четвртфиналиња во долниот дел од шемата ќе бидат вечерва, во кои се среќаваат Гаел Монфис – Денис Шаповалов и Жо-Вилфред Цонга – Рафаел Надал.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO