
Денес на а1.on.mk беше публикувано интервју на Ана Василевска со првиот човек на бугарската страна од Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров. По молба на професорот Ангел Димитров, ТАТКОВИНА го публикува интервјуто со коректна адаптација на неговите одговори во кое е вклучен и делот кој е пропуштен во гореспоменатото публикувано интервју.
Ви се обраќам во интерес на македонската јавност во врска со преговорите со мешовитата македонско-бугарска комисија за исторсиски прашања. Како претседател на комисијата од бугарска страна ве молам да ми одговорите на следните прашања:
- Како напредуваат преговорите и дали очекувате наскоро да се постигнат разумни договори околу историјата на среден век?
Во Република Северна Македонија, по се изгледа дека има погрешна претстава за суштината на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања. Ние не преговараме и не се договараме – тоа е работа на политичарите. Во политиката се прават компромиси за решавање на сложени проблеми, но во науката компромис означува нарушување на фундаменталните научни принципи. Задачата на комисијата е во научна дискусија и со научни аргументи да стигнеме со согласност каква во учебниците по историја, но и по географија и литература, е во противречност со историските факти и со преовладувачката интерпретација во светската наука за соодветното историско време, за процесите, настаните и личностите кои се од интерес за нас. На истиот начин, треба да подготвуваме заеднички предлози до двете влади за заеднички чествувања на настани и личности од нашата заедничка историја. Токму со тие предлози направивме чекор напред. Тој е во постигнатата согласност за текстови, со кои им предлагаме на двете влади да чествуваме заедно, на 24 мај Светите браќа Кирил и Методиј, да им го оддадеме заслуженото и на нивните ученици Св. Климент Охридски и Св. Наум Преславски / Охридски, како и на цар Самуил. Имаме согласност дека делото на Светите браќа е спасено и развиено токму во средновековна Бугарија, од каде што станува достапно за словенските народи, дека како израз на политиката на бугарските владетели кнез Борис и Цар Симеон се создадени книжевните школи во Плиска, Преслав и Охрид, дека самиот празник на 11/24 мај е создаден во Бугарија како прв светски национален празник, како и дека цар Самуил е бугарски владетел. Останува да видиме меѓутоа како оваа согласност ќе доведе до неопходните корекции во учебници на Република Северна Македонија, затоа што општа позиција по соодветните учебници уште нема.
- Дали се надевате дека ќе биде постигнат договор околу Гоце Делчев?
Да, продолжувам да се надевам дека ќе подготвиме коректен заеднички текст, затоа што има здрава основа за постигнување на согласност. Интерпретацијата на личноста и делото на Гоце Делчев, која што нашите колеги упорно ја заштитуваат, е доста осамена во светската историографија. Коректноста на една теза во историската наука е постигнувањето на хармонични взаемни односи помеѓу факт и интерпретација, и во сообразувањето со преовладувачките оценки на еден процес, настан или личност. Ако една личност го зајавила јасно својот идентитет, но некоја касна интерпретација сака да види нешто друго, има проблем. Ако големиот масив на неговите современи политички и дипломатски документи, и историографиите на соседните земји со директен однос кон темата или на заинтересирани од настаните во регионот влијателни држави имаат сходна интерпретација, а некој настојува, дека гледа нешто различно, има проблем. Се надевам да се обединиме околу неопходноста да подготвиме балансиран текст, во кој историската оценка за Гоце Делчев во неговото историско време би можела да се надополни со претставување на покасно формираниот став кон него како фасцинантен револуционерен водач.
- Доколку не биде постигнат договор во колкава временска рамка очекувате тоа да се случи?
Доколку тоа не се случи во ноември, а опструкциите на некои колеги продолжат и на следната средба, т.е. има недоразбирање на четири последователни средби, ќе биде даден сигнал за недостаток на желба од нивна страна да работат во духот на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ако се наложува да биде кажано нешто премолчувано или неточно интерпретирано, историчарот треба да ја преземе одговорноста на медијатор меѓу минатото и сегашноста.
- Дали во историскиот контекст на втората светска војна ќе барате целосно бришење на фактот дека Бугарија била фашистички окупатор на Македонија?
Тоа изгледа е омилено прашање на новинарите по секоја средба во Република Северна Македонија, можеби затоа што таа дефиниција, употребувана од комунистичката пропаганда за време на војната, беше претворена по тоа во јадро на антибугарската пропаганда во СФРЈ Југославија. Ако ви дадам еднозначен одговор, сигурно нема да бидам разбран, зато ќе дадам некои појаснувања.Всушност, прашањето не е точно затоа што која Македонија е „окупирана“ од Бугарија? Дали мислите за географска Македонија кое не е вистина, или за некоја непостоечка држава со тоа име? Пиринска Македонија е неразделен дел на Бугарија уште од Балканската војна, а тоа напомнува за 1913 година, кога Србија и Грција склучуваат таен договор за поделба на Македонија против својот сојузник Бугарија, која уште води тешки борби против Турција.
Бугарија не учествува во разгромот на кралска Југославија, а како германски сојузник ја добива одговорноста да администрира и да го обезбеди редот во околу 2/3 од Вардарска Македонија и дел од Беломорска Македонија – земји, со кои е историски сврзана. Формално гледано, бугарската власт е воспоставена на дел од Вардарската бановина на Србија / кралска Југославија, официјално населено во тоа време со „Срби“. Од таа гледна точка, би можело да се зборува, дека е окупација, и покрај тоа што токму создадените по сопствена иницијатива местни Акциони комитети, ја предаваат властта на новата администрација, а бугарската армија е пречекана со цвеќиња како ослободителка. Значителен дел од новата администрација и полиција се местни луѓе, а во распоредената армија во Вардарска Македонија, околу 60% се местни младинци.За информација: во 1942 година бугарската војска, распоредена во Вардарска Македонија и дел од Јужна Поморавија, брои 14 600 војници и офицери, а Југословенската V армија, распоредена во НР Македонија во 1945 година, е со бројност над 50.000 луѓе!
Дали можеме да тврдиме, дека Вардарска Македонија е ограбена економски од „окупатор“, откако Бугарија одделува скоро една третина од нејзиниот државен буџет за нејзино стабилизирање, со низа социјални, економски, здравствени и културно-просветни мерки и иновации?
Немам намера да цртам розова слика за военото време, за кое прашувате, затоа што при такви услови имало различни ограничувања и сериозни проблеми, но судир меѓу „народ и власт“, има само во партиската пропаганда. Конфликтот е помеѓу властите и незначителниот од воено-политичка гледна комунистички отпор, каков што судир има и во внатрешноста на Бугарија.
Фашистичка држава ли е Бугарија? Фашизмот е идеологија и политичка доктрина во Италија, но заради неговиот антикомунизам, комунистичките кругови започнуваат да ги нарекуваат така по 1922 година и неговите сродни, покасно овластени идеологии и практики: национал-социјализмот во Германија и фалангизмот во Шпанија. Во други држави, како Романија, Унгарија, Словачка и Хрватска, сојузниците на Оската, управуваат блиски по идеи формации. Во Бугарија, меѓутоа не е така. Има организации кои позајмуваат по нешто од гореспоментатите идеологии, но во Бугарија тие се со националистички профили и не управуваат. За разликите во ставовите меѓу Бугарија и другите сојузници на Оската, доволно е да споменам дека Бугарија единствена не испраќа трупи на Источниот фронт и единствена ги спасува сите Евреи – бугарски граѓани. Нејзиното присоединување кон тој блок не е од идеолошки причини, а затоа што дава можност за доближување до посакуваното национално обединување, осуетено од загубата во Првата светска војна.
Терминот „фашистички окупатор“ упатен кон Бугарија има идеолошко-пропаганден карактер и не е научно-историски коректен. Негативните нешта од историјата не треба да се премолчуваат, но посакуваната хармонична иднина пред нашите држави подразбира да се обидеме да ја напуштиме идеолошката орбита на минатото.
- Доколку се случи да се релативизира или целосно иземе досегашното толкување на историјата што ќе се случи со веќе евидентираните историски нарации меѓу Македонија и Бугарија кои се дел од литературата или пак филмот?
Интересно прашање, на кое одговор можат да дадат граѓаните на Република Северна Македонија. Ако хипотетички си ги претставиме опишаните од Вас ситуации, не ми се верува, дека граѓаните – читатели и гледачи, способни на независно и критичко мислење – ќе гледаат само кон минатото. Всушност, секоја промена, особено ако носи позитивен полнеж, подразбира многу можности за расширување на творечка енергија за објаснување и прифаќање на новите ситуации.
