Младите фудбалерчиња од клубот ,,Џокер” од Фурка -дојранско го освоија турнирот ,,Golden CUP” во Грција за фудбалери родени 2007 година откако забележаа победи и во последните два меча на овој турнир, што се одржа во Агиа Триада. Во полуфиналето, децата од Фурка со 4:0 го совладаа тимот на  ,,Pigassos Florinas” а во финалето беа подобри од вториот тим на ,,Appolon” со 4:1 
Стрелци на головите во полуфиналето и финалето како што потенцираше Кристијан Ристов биле Ристе Миленковиќ, Гоце Петрески и Филип Зајков кои постигнале по два гола додека Михаил Митрески и Илија Иванов реализирале по еден гол
,, Сите грци беа изненадени од нашата игра. Горди сме што се вративме со медал и скор од 17 постигнати гола на пет мечеви а само еден примен”, вели Кристијан Ристов тренерот на младите од Џокер од Фурка
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO