Тимот на Лос Анџелес Лејкерс го совлада Јута џез со 95-86 во натпревар од Националната кошаркарска асоцијација. „Езерџиите“ ја добија првата четвртина со 24:17, а резултатот на полувремето беше 53:47 во нивна корист.

Домаќините убедливо ја освоија третата четвртина со 31:18, а последната четвртина беше формалност. Џејмс се истакна со дабл-дабл – 32 поени и 10 асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 21 поени. За џезмените, Донован Мичел постигна 24 поени.

Во друг натпревар во НБА лигата, Портланд Трејл Блејзерс го совладаа Сакраменто Кингс на гостински терен со 122: 112. Клучна во дуелот беше третата четвртина, која ја добија гостите со 37:27. Дамјан Лилард постигна 35 поени за победниците и ДеАрон Фокс 28 поени за „Кралевите“.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO