Додека во Бугарија политичари и интелектуалци се замеруваа со декларации за РС Македонија, заситени со многу емоции, со идеолошки претензии кои взаемно се исклучуваат и далеку од суштината на проблемот, францускиот претседател Емануел Макрон ја презеде штафетата од Грција и го попречи патот на Скопје кон ЕУ.

Убедувањето дека Европската унија е природен дом за сите држави на континентот, кое ја ослабна нашата чувствителност за бескомпромисниот судир на интересите, преку француското ʺветоʺ доби отрезнувачка шлаканица. Париз даде категорична зајавка дека ја презема улогата на бескомпромисниот гладијатор од Атина, кој ќе го запира процесот на проширување на Унијата кон Балканот, визирајќи сосема конкретно РС Македонија. Досега беше Атина, отсега натаму ќе биде Париз.

До кога, тоа е прашањето?

За да вникнеме позадлабочено во тој казус, ќе се вратиме малку назад во времето.

На почетокот на јуни 2006 година, во Брисел беше распостранет предлогот на француската невладина група „Наша Европа“ со наслов „Збогување и ветување за поголемо настапување на ЕУ кон Балканот“. Таа група беше созадена од Жак Делор, поранешен шеф на Европската комисија, а иницијатор на проектот беше политичкиот аналитичар на групата Бертранд де Ларженте. Си заслужува да се вратиме уште три години назад, во јануари 2003 година. Тогаш, грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу ги обиколи сите престолнини на поранешна Југославија и Тирана за да ја лансира неговата идеја за Западен Балкан. Неговата прва станица му беше Скопје. Која беше целта? Многу јасно. Да се спакуваат поранешните републики на федерацијата така што да можат истовремено да влезат во ЕУ, кога Грција ќе реши дека тоа е возможно. Главната грижа, се разбира, беше Македонија да не се истргне надвор од пакетот и да тргне на патот кон ЕУ и НАТО надвор од контролата на Атина и Белград. Грижата на овие два балкански престолнина кон Македонија е многу љубоморна. Таа суштествува од 1913 година, кога, по завршувањето на Втората балканска војна, Грција и Србија воспоставија стратешка граница меѓу нив во Македонија. Секој обид на Македонија да се истргне од оваа стапица се сретнува со јавен или скриен, но согласуван отпор на северниот и јужниот и сосед .. Тоа беше потврдено и во едно интервју на претседателот Киро Глигоров во април 1994 година во германското списание „Шпигел“. На прашањето зошто Грција го наложи спорот за името на младата земја, Глигоров одговори: „Со тоа име ние суштествуваме 50 години, без никаков проблем од страна на Атина – и продолжува- Во 1992 година по телефон ми се јави Константинос Мицотакис, (тогашен премиер на Грција – бел. авт.) и ми кажа: „Вратете се во Југославија и нема да имате проблем со името…“ Т.е. да се држи Македонија во грчко-српската јамка додека Белград се подготви за влез во ЕУ. Тогаш, и Р. Македонија, со благословот на Атина, ќе добие зелено светло на нејзиниот евроинтеграциски пат, но во пакет со Србија. Така и политичкото југо-наследство за Македонија ќе биде запазено, нешто исклучително важно за нејзиниот северен сосед.

Каде е местото на Франција во оваа билатерална шема на политички интереси? И, зошто точно сега, кога Грција веќе не е во игра со „ветото“ за евро-иднината на Македонија, на сцената се појави Макрон  и го продолжи рефренот за „недоволна подготвеност“ на младата република !? Прашањето има јасен одговор. За Париз, Белград е стратешки партнер на Балканот и не е прифатливо Скопје да заврши во прегратката на ЕУ пред Белград. Освен тоа, Франција, по приемот на Хрватска во ЕУ и во НАТО и Црна Гора – во НАТО, не може да го проголта рамнодушно тој факт. Нивното раздвојување од Србија, особено перспективата тоа да се случи и со Македонија, ја обесмислува крајно шемата со која, по Версај 1919 година, се осуштетвуваат во француско-српско-грчките интереси во регионот. Случајно ли, кога го во јули 2019 година Макрон го посети Белград, одржа получасовен говор на српски јазик, прекинуван по секој негов збор со френетични извици и ракоплескања! Скриената стратегија на францускиот претседател за подигање на улогата на неговата земја во Европската унија не ги потценува традиционалните топли односи со француските сојузници од Првата и Втората светска војна. Оската Атина – Белград-Париз не е конспиративна теорија, туку реална пулсирачка политичка, економска и воена обврзаност. Додека во Брисел, Емануел Макрон непоколебливо ги одбиваше нападите на своите колеги за да го ублажи неговиот став кон Македонија и Албанија, грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос потпиша со неговиот француски колега Флоренс Парли прелиминарен договор за купување од Франција две модерни военоморски фрегати. Останува да си претпоставуваме колку бил искрен премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис кога изјави дека неговата земја нема да пречи на евро-интеграциите на Скопје.

*****

Во 1917 година, при наближувачкиот крај на Првата светска војна, американскиот претседател Вудроу Вилсон, во своја последователна порака кон Конгресот, го истакнува следново ʺНикој мир не може да биде траен, ако се допушти да се префрлаат народите од рака на рака, од властелин на властелин, како предмети, Секој мир, што не го признава и не го прифаќа овој принцип неизбежно ќе биде урнат …“ За жал, претседателот на мировната конференција во Париз во 1919 г., премиерот на Франција Жорж Клемансо, размислуваше во сосема други категории. Тој ја наметна одмаздата, реваншизмот и мракобесието, создавајќи ги  најнеправедните мировни договори. Клемансо страстно го благослови параноичниот проект на Венизелос и Пашиќ, Бугарија да биде поделена на три автономни области, потчинети на Атина, Белград и Букурешт. Категоричката интервенција на американскиот претседател ја олади раслената фантазија на овие балкански бизмарковци.

Денес, наполеонските комплекси на Емануел Макрон го буткаат да го оживеат нескротливиот државен егоизам на Клемансо. „Ветото“ наметнато од него на 17 октомври 2019 година пред евроинтеграцискиот процес на РС Македонија ја става на тест не само физичката конструкција на ЕУ, но и нејзините морални основи.

Време е правилата, според кои се земаат важните решенија во Брисел  да бидат сменети!

Во рамките на Балканот, императив е да се оживее заборавената идеја на архитектот Христо Генчев за Балканското јадро – Бугарија-Северна Македонија-Албанија. Тоа е, е и оската на фамозниот коридор No. 8, кој точно преку овие три држави конечно би можел да ја најде својата реализација. Во 21 век, три престолнини на Полуостровот се без железничка врска меѓу себе. Тоа е слика од 19 век. Знаеме кој со децении работи на оваа слика да не се менува, но динамиката на процесите веќе е друга и таа создава сосема нови реалности, натоварени со квалитативно нова креативна енергија.

–––––––––––––

Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „България-Македония“ и директор на издавачката куќа ʺСв. Климент Охридскиʺ. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO