Во ерата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брисел веќе не е рамна земја, веќе станува збор за руските степи.

Кога во 2017 година францускиот претседател излезе на политичката сцена со ореолот на победник во сложената кореографија на европските средби на врвот, тоа истовремено предизвика збунетост и симпатија меѓу другите. Две и пол години подоцна тој сè уште зачудува, но на место на симпатијата дојде раздразнувањето или дури отворена омраза. Младиот претседател се претвори во самопрогласен лидер во Европа. Неговите неочекувани иницијативи и антисистемски напади се збунуваат, вознемируваат и шокираат.

Зборовите „лидерство“ и „Европа“ не се сврзуваат многу еден со друг. Во Европската унија има двајца претседатели: на Европскиот совет и Европската комисија. Т.е. веќе е комплицирано. Прашањето уште повеќе се усложнува кога националните лидери се претставуваат како европски, затоа што кон тоа ги бутка политичкото влијание и големината на нивната земја.

Со години, овој неофицијален пост беше завземен од Ангела Меркел. Барак Обама отворено ја сметаше за лидер на Европа. На времето (во 2011 година по должничката криза), шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски јавно ја замоли да преземе поголема одговорност. ʺСилно сум заплашен, не од силата на Германија, туку од нејзината неактивност“, напиша тој во тоа време. Лидерството на конзервативната канцеларка целосно одговараше на духот на нејзината земја, најголемата економија во ЕУ, која извлекува најголема полза од единствениот пазар. Тоа што беше добро за Германија беше добро за Европа, и обратното: тоа беше лидерство на статус-квото.

Емануел Макрон врви по сосема различен пат. Тој е лидер по природа и како резултат на околностите / Ангела Меркел ослабна на германската политичка сцена, британците пропаднаа во маглата на Брекзит, а италијанската влада е загрижена за сопствениот опстанок / тој практикува лидерство во поделбата и континуираното движење. Неговите непријатели се неподвижни и парализирани. Тој сака да ја промени ЕУ затоа што светот се менува.

Враќањето на бумерангот

Два примери добро го илустрираат неговиот метод и неговите ризици. За време на јунските заседанија на Европскиот совет посветени на назначувањето на извршни постови во ЕУ, тој го сруши системот на партиски лидери, предупредувајќи ги сите претходно за своите чекори, а потоа започна маневри и успеаја да вметне компромисни кандидати. ʺТој ги менува правилата на играта, а потоа ги распишува новите услови со глед на интересите на другите“, изјавуваат од Елисејската палата. Француските партнери, изумени од таков мајсторски потег, го прифатија без особено спротивставување: на крајот на краиштата, за многумина тоа беше полезно.

Бумерангот се врати три месеци подоцна кога Европскиот парламент ја отфрли предложената од Макрон кандидатура на Силви Гулар на постот еврокомесар. Сега на него ќе му се наложи да ја прифати новата даденост. Тој тешко го проголтна тоа.

Емануел Макрон се врати кон тврдите мерки. Вториот пример се случи на средбата на Европскиот совет на 17 и 18 октомври: францускиот претседател стави вето на започнувањето на преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ. Оттогаш, врз него се исипа бесна критика: го обвинуваат за нарушување на даденото ветување, дискредитација на Европа и „историска грешка“.

Тој и неговото опкружување одговараат, дека Албанија сè уште не ги исполнила неопходните услови, дека разделувањето на преговорите со двете држави би ја дестабилизирало ситуацијата во регионот и дека е потребно да се реформира процесот на влегување (тој е „премногу бирократски и автоматски“) / и процесот на донесување одлуки во рамките на самата ЕУ (тој веќе работи исклучително лошо со 28 членки и може да биде целосно парализиран од појавата на нови).

Две визии за Европа

Ситуацијата е многу сериозна. Таа ги спротивставува Франција и Германија (втората го поддржува проширувањето) и создава тензија меѓу двете визии за Европа, како што велат во Елисејската палата. Приврзаниците на првата се подготвени и во иднина да ја размиваат ЕУ, а следбениците на втората сакаат да ја зајакнат Унијата. Емануел Макрон е длабоко убеден дека Европа не може да си дозволи слабост во нестабилниот модерен свет. Тој не отстапи, но сепак се обиде малку да ја поправи ситуацијата со посети на земјите, кои на прво место се засегнати од неговата позиција.

На фонот на критиките, советниците на Макрон ја заштитуваат неговата позиција. ʺВо тоа се состои лидерството. Вие или сте лидер на Европа или не. Тој е “, изјави еден од нив. Од каде на каде? Од која причина, тој е единствениот, кој е подготвен да ја преземе оваа улога и да протнува идеи, да ги поттикнува останатите лидери да постапуваат точно така, одговараат тие.

Има прекорувања и во однос на неговите методи. Тој, макар и со задоцнувањв, презема курс на консензус во внатрешната политика, но, очигледно, акцентира на смелоста и на личната иницијатива во надворешната.

Во март, тој успеа да ги покани Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на средба со кинескиот лидер во Париз. Тој го покани иранскиот министер за надворешни работи на самитот на Г7 во Биариц без да се консултира со неговите британски и германски партнери. Паралелно со тоа, тој заврте во насока на зближување со Русија (многу чувствително и контроверзно прашање за Европа), без да го вклучи кон тоа дури и Берлин.

Во секој случај, имено Макрон ја отвори дискусијата за многу прашања, независно дали станува збор за односите со Москва или проширувањето на ЕУ. Успеа да ги наметне своите теми на дневниот ред на Брисел: оданочување на интернет-гигантите, стратегијата кон Кина. Останува само да го закрепне неговото лидерство.

––––––––––-

Силви Кауфман, „Монд“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO