Договор куќа гради… старите знаат што кажале! Поради тоа, “Преспанскиот договор” мора да се почитува во целост!!!

Согласно последната одлука на ЕУ, а во рамки на одредбите на договорот, потребно е да се направи ревизија на неговата имплементација! Се што е закаснато да се реализира, ако воопшто има такво нешто, но и се што е предвреме реализирано, да се врати во рамки на договорот!!!

Предходно низа пати беше предупредено, дека работите се пребрзани во спроведување на некои “обврски за МК” од тој договор… да не се повторуваме!

Кампањата “Гласот ПРОТИВ е глас за Македонија” за време РЕФЕРЕНДУМОТ, беше поткрепена токму со два најважни аргументи:

  1. Нема доволна гаранција за интеграција на Македонија во ЕУ!
  2. Нема јасна процедура за негова имплементација!

Третиот аргумент, дека тој договор не е ТРАЈНО решение и нема да го преживее забот на времето, многу брзо се докажа!

Јасно е дека тој договор е времено решение!

Нема назад!

Македонија мора со крупни чекори напред!

Се да се спроведе согласно договорот од Преспа, ни повеќе, ни помалку!!!🇲🇰🇪🇺

П.с. Политичарите кои сакаат гласови на следните избори, јасно и недвосмислено да кажат – што со “Преспанскиот договор” и со “Северна”?!?

Без мрчење! Јасен и гласен одговор!!!

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO