Доколку се прават сметки што е тоа политички вокабулар за внатрешна употреба и рејтинг, доколку онака го слушате Макрон ни порано ни сега, датум немаше шанса од него да добиеме.

Но типов се уфилма дека може да е лидер на ЕУ после пензионирањето на Меркел.

Таков лидер на ЕУ има две/три можности-

1. Да остане на истата реторика со таа што ја користеше за внатре, и остана.

2. Чисто да игра по Европски

3. Третата можност е посложена. Да со излегувањето на Британија и Брексит тој се почувствува способен да направи скратено (без проширувања) ЕУ, каде ќе оди до крај да во втора фаза дури и неутрализира членки во битни прашања и со Германија (дуото кое ќе се пресметува секогаш политички) ја води така замислената ЕУ.

Да,цел стратегија од 2003 ја турна во Брисел. Ја суспендира поточно.

Тоа е многу егоистичко, егоцентрично и не изводливо но ги задоволува Франциските интереси.

Не претпоставував дека ова Макрон може да го изгради како, не само стратегија туку цела идеологија.

Дечково се прецени. Тој со неговиот капацитет не би рекол дека долго би издржал но еве го важно е да се проба.

Дали Макрон ја скрши ЕУ. Да во првата фаза тој извојува победа. Долгорочно Македонија и Албанија ќе го скршат него. Не тие туку ова е почеток на внимателна оспервација на Макрон на другите членки.

Скептицизмот за неговиот капацитет и намери се потврди така да членките на ЕУ сега нема да му дадат многу пас и доверба.

Ова го доживуваат како повлекувањето од Сирија што го доживееја низа политичари во САД критикувајќи го за тоа Трамп.

Сеедно ние и Албанија го изедовме во првата пресметка.

Неможев да поверувам дека внатрешната политика на Франција истиот од свој глупави и егоистични причини со доста лажни калкулации, хаос изјави, би ја пренел и во Брисел и на другите членки.

Наполеон Бонопарта твитна Трамп и цел свет му се смееше. Кој ли знае дека тоа била грешка. Како изгледа работава..па и не била.

Во ек се пресметки на САД и Фрнација околу таксите за виното ама и други царински и економски турболенции.

Ужасно е тешко веќе да се разговара со Макрон. Во неговиот хаос на рафални изјави не се чуствува ништо добро.

Имам прашања до нашите власти повеќе

1.Дали е потребно да при посетата на Макрон, заборавиме билатерална средба или треба да е трилатерална.

Зборувам пред мај.

Не сум сосема сигурен во капацитетите на нашите дали и колку би успеале да изведат вкупни анализи и донесат правилни решенија, а врз база на информациите кои ги имаат.

Ние сме далеку од тие информации и сме далеку по не инфоримрани. Само си шпекулираме.

2.На оваа средба би добиле одговор што да очекуваме во Мај.

Проблемот е од стратегиска и идеолошка причина. Доколку Макрон мисли на вложување во регионот и исто да поминеме во Мај, а веројатно е дека истот во Мај и може да ни е случи заради неговата големина, ситуациите дополнително ни се комплицираат.

Работава е толку крупна за Македонија и Албанија да нивните лидери сеуште калкулираат по овие работи и ќе се калклулира дополнително. Дали беше ова нокаут-ДА.

До мај има многу работа. Пред се е важна посетата на Макрон.

Што би направиле сега ? Не би прифатиле средба без однапред утврден дневен ред на разговори. Посебно пред средбата би барале кристално јасно мислење на Макрон, што во Мај?

Инаку немам појма што би разговарале. Смешно и трагично.

Посебно што влегуваме во избори кои дополнително ни усложнуваат кредибилитет на влада во ваквата рашамонија. И тоа кредибилитет некаква влада би добила после избори.

Вмро-Дпмне нека не се радуваат премногу. Приштина и Тирана со овој вокабулар нивни, а е од стратегиски интерес ќе нацапаат многу.

СДСМ нека не се радуваат многу. Лошо стојат посебно со резултатите од работењето или неработењето.

Вкупно. Ја губиме и 2020 година. Ваков Макрон ни во Мај ни во..есен и дури трае.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO