Низ Фејсбук се организира бдение пред Француската амбасада во Софија, по одлуката на Париз да го стопира процесот на пристапување на Македонија во Европската унија.

Тоа е закажано за 21 октомври, 18:30 часот. Настанот го регистрираше на Фејсбук скулпторот Андреј Врабчев, но според неговите зборови, организатори се интелектуалците кои излегоа со изјава за рамковната позиција на министрите.

Линк до Фејсбук настанот ТУКА.

Еве го целиот повик што организаторите го напишаа:

Почитуван претседател на Француската Република,

Во време на комплицирани процеси на Блискиот исток, тековната војна во Сирија и интересот на сите земји на Балканот за влез во Европа, на Европската унија и треба стабилен, кохезивен и европски Балкан.

Отсуството на Европа од овој регион значи дека ќе влезат други сили, непријателски настроени кон неа. Одлуката да не се покани Република Северна Македонија – срцето на Балканот – да започне преговори со ЕУ е особено опасна и за самата Северна Македонија, која ќе биде водена од политички хаос, антиевропски позиции и управување, како и за целиот регион и Европа. Не смееме да заборавиме дека многу од најлошите војни започнаа на Балканот и пред 18 години се водеше последната војна на нашиот континент.

Франција му ги даде на светот принципите што ја водат Европската унија, принципите на мирот и правдата. Братство, слобода, еднаквост. Во Европа, долгогодишните непријатели станаа пријатели. Денес нема стари пријателства, затоа што нема стари непријатели, но не треба да создаваме нови анимозитети!

Не друго, но вие велите: „Во Европа ќе одиме напред со оние што сакаат да одат напред. Ние нема да прифатиме компромис со нашите вредности за оние што сакаат да останат во периферијата на историјата. “Кој покажа волја и храброст да оди напред, ако не и сегашните лидери во Северна Македонија и нејзините граѓани? Ако не бидат наградени за ова, Европа ќе го изгуби своето срце. Верувајте ни дека овде на Балканот, најважно е да ги освоите срцата на луѓето – нешто што противниците на Европа долго време го разбираа и користеа вешто.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO