Тоа што се случува во Северна Македонија ја потврдува неодговорноста на европските лидери и недостатокот на доверба во ЕУ. Ова го соопшти прес-центарот на грчката опозициска партија СИРИЗА откако македонскиот премиер Зоран Заев повика на предвремени парламентарни избори.

ʺСитуацијата во Северна Македонија ја потврдува неодговорноста на европските лидери и недостатокот на доверба во ЕУ. Откако го отфрлија почетокот на преговоорите за присоединувањето за Северна Македонија и Скопје објави предвремени избори, некои во Грција кои бесмислено зборуваа за штетни зделки и размена на зделки со Европејците наскоро ќе ја молат нивната братска партија ВМРО да не биде избрана и Договорот од Преспа да не бидат загрозен “, коментира СИРИЗА.

ʺГрчко решениеʺ, мала десничарска партија која е дел од грчкиот парламент, исто така излезе со изјава во која се наведува дека повикот на Заев и ветото на Франција доведоа до неколку заклучоци, вклучително и дека „СИРИЗА и Нова демократија се откажаа од името Македонија, а ЕУ си ја спасија честа. Од политичката формација посочуваат уште „дека Договорот од Преспа се анулира, но исто и дека„ граѓаните на Скопје со изборите добија лекција за демократија. Партијата инсистира на одржување лидерска средба во Грција околу Договорот од Преспа.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO