Бугарија нема интерес от тоа да не бидат започнати преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Ова го кажа поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Соломон Паси и истакна дека „започнувањето на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија се одложува трет пат“.

ʺПо ветото на францускиот претседател Макрон, неговиот колега Владимир Путин сигурно си порачал чаша шампанско. Кон кого ги буткаме Македонија и Албанија? Ги буткаме во рацете на Русија ли, на Турција ли, на Иран? Само потсетете се какви усилија положи Путин  за да ја запре Македонија на нејзиниот пат кон НАТО “, праша уште тој. Паси додаде дека се прават сериозни усилија Србија да остане во орбитата на руското влијание.

ʺШто можеме да направиме со Макрон против тоа негово ирационално решение од негова страна? Мислам дека министерката за надворешни работи Екатерина Захариева може да го убеди и тој да си го смени мнението“, рече поранешниот дипломат број 1 на Бугарија.

ʺНие немаме интерес од тоа Македонија, Албанија, Босна, Косово да се се движат назад. Еден ден, Албанија и Северна Македонија ќе станат членки на Европската унија, но прашање е колку брзо ќе се случи тоа“, кажа уште Соломон Паси.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO