Унгарската опозиција издвојува значителна победа во Будимпешта на локалните избори. Тоа е прв удар за владејачката партија на Виктор Орбан кој од моментот на доаѓање на власт во 2010 година не загубил на ниту едни избори. Со речиси 90 проценти од пребројаните гласови централно- левичарскиот кандидат за градоначалник Гергели Караксонија победи со над 50 проценти освоени гласови над неговиот противник и актуелен градоначалник Иштван Тарлос.

Тарлос кој веќе 9 години седи на градоначалничкото столче, од својата канцеларија телефонски му ја честитал победата на неговиот опонент, јави новинската агенција Франс прес.

Карашони ја споредуваше битката за Будимпешта со онаа на изборите за градоначалник на Истанбул во која загуби кандидатот од партијата на претседатепот Реџеп Таип Ердоган. И голем број други градови, 10 од 23, избраа опозициски градоначалници, благодарение на новата тактика, покажуваат првичните резултати.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO