1891 година е роден Јордан Христов Ѓурков, познат под псевдонимотот Еделвејс, бугарски офицер и револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Јордан Ѓурков е роден на 13 октомври 1891 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Тој е син на револуционерот Христо Ѓурков. Во 1910 година завршува на Бугарското педагошко училиште во Скопје и учителствува таму до 1912 година.

По избувнувањето на Балканската војна, тој е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 3 рота на 10-та прилепска дружина. Награден е со Орден ʺЗа храбростʺ, IV степен. Во 1913 година се запишува на Военото училиште во Софија и за време на Првата светска војна е ротен командир на 6-от полк на 11-та дивизија. Учествува во битката на Криволак. На крајот на војната тој е аѓутант на командирот на дивизијата Крстјо Златарев. Отстранет е со чин капетан.

По разгромот во војната, Јордан Ѓурков учи трговија во Виена. Учествува во дејоста на Сојузот на македонски студентски дружества во странство. Го прекинува студирањето и станува активен член на ВМРО и накратко е четник кај Дончо Христов. По убиството на Тодор Александров во 1924 година, Јордан Ѓурков учествувал во организирањето на Горноџумајските настани. На предлог на Иван Михајлов Јордан Ѓурков, Панчо Михаилов и Петар Шанданов го составуваат организациониот суд на ВМРО. Делегат е на конгресот во Србиново и е избран за резервен член на Централниот комитет на ВМРО. За време на инцидентот во Петрич во октомври 1925 година, како привремен полномошник на Централниот комитет за Петричкиот округ, е испратен во градот за да ја координира местната одбрана. Учествува и на конгресот во Крупник од 1928 година, избран за окружен полномошник на Централниот комитет за Пиринска Македонија. Ѓурков ги поддржува меѓународните контакти на ВМРО. По расцепот на ВМРО, застанува на страната на Иван Михајлов.

Јордан Ѓурков е убиен на 8 февруари 1931 година во Софија од прототеровистите..

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO