Почина светски познатиот бугарски џез музичар Милчо Левиев. За смртта на легендарниот композитор и пијанист, соопштија негови блиски за Нова телевизија. .

Милчо Левиев е бугарски џез музичар, композитор, аранжер и пијанист, кој го помина најголемиот дел од животот во Соединетите држави.

Роден е на 19 декември 1937 година во Пловдив. Дипломирал на Државниот конзерваториум во 1960 година. Негови професори се Панчо Владиџеров и Андреј Стојанов. Неговата кариера започнува во Драмскиот театар во Пловдив. Назначен е за диригент на Биг Бендпт на Бугарското национално радио од 1962 до 1966 година. Од 1963 до 1968 година работи како солист и диригент на Пловдиската и Софијската Филхармонија.

По идеја на Радој Ралин ја создава групата Џез Фокус ’65, со која со голем успех ја обиколува земјата и странство до 1970 година. Едно од неговите најпознати дела во тој период е аранжманот на песната на Пол Мекартни „Вчера“(Yesterday) Тој исто така пишува и филмска музика.

Во 1970 година, на покана на Дон Елис, ја напушти Бугарија и заминува за Лос Анџелес. Таму останува до 1977 година. На почетокот на 80-ти години се враќа во Бугарија и прави серија концерти. Бил на многубројни турнеи во Европа и САД. Предава на Универзитетот во Јужна Калифорнија и мастер класа на Нов бугарски универзитет.

Милчо Левиев е вклучен во енциклопедијата Историја на европскиот џез на Кралската академија за музика, Лондон.

Во прилог изведбата на Милчо Левиев на Yesterday.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO