Декларацијата за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, што ја потпишавме со Србија и Албанија, e во духот на европската економска агенда и Берлинскиот процес комплетно и само даваме еден нов импулс, изјави премиерот Зоран Заев. Оваа декларација не е паралелен процес на ЕУ затоа што местото на сите шест земји од Западен Балкан е безалтернативно во ЕУ и нема дилеми, рече тоj.

„Но, ако ги забрзаме процесите ако меѓусебно ја интензивираме соработката, ако трговијата почне со поголеми проценти од 10 проценти да расте, а расте сега со нешто повеќе од 10 отсто, може да расте со 20 отсто, со 30 отсто, ќе не почитува и Западот повеќе. Ако ги искористиме тие капацитети ќе ја направиме нашата економија уште поконкурентна да се бори со западноевропските економии. Ако го здружиме целиот регион, кога инвеститорот ќе инвестира во Куманово и вели ми требаат 25 инженери, а имам 15, ќе може слободно од целиот регион да бара инженери и квалификувана работна сила. Сето тоа ќе значи дополнителни странски и домашни инвестиции за целиот Западен Балкан и тоа се сериозни причини“, рече Заев.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO