Пакистан и предложи ретка поддршка на Турција во својата офанзива против курдските сили во Сирија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган се очекува да го посети Исламабад подоцна овој месец.

Турција во средата започна офанзива во северна Сирија насочена против раководената од курдските Сириски демократски сили (СДС), клучен сојузник на САД во петгодишната битка за разбивањто на групата Исламска држава (ИС). СДС дадоа 11.000 жртви во кампањата предводена од САД.

Ова е трета ваква операција на Турција од почетокот на војната во Сирија и е пречекана со меѓународна осуда.

Премиерот Имран Хан, меѓутоа, во петокот му се јави на Ердоган за да му ја „предаде поддршката и солидарноста на Пакистан“, соопшти неговиот кабинет.

ʺПремиерот му кажа дека Пакистан целосно ја разбира загриженоста на Турција сврзана со тероризмот“. ʺПакистан целосно ги осознава заканите и предизвиците во кои Турција загуби 40.000 луѓе од тероризмот“.

Хан му кажал на Ердоган дека „Пакистан стои во целосна поддршка и солидарност со Турција“, се вели во пораката.

ʺСе молиме напорите на Турција за зајакнување на безбедноста, регионалната стабилност и мирно решавање на ситуацијата во Сирија да бидат целосно успешни“, рече Хан.

Кабинетот на премиерот на Пакистан објави дека Ердоган ќе го посети Пакистан подоцна овој месец.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO