Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не верува дека земјава ќе добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Ако не добиеме датум следната недела, одговорноста ќе биде само кај владата на премиерот Зоран Заев и посебно поради законот за обвинителство и случајот „Рекет“, смета Мицкоски:

„Датумот ќе биде исклучително условен, а според вестите што ги имам, можно е таков датум и да нема. Зошто не е доволно националното понижување што го направија. Нашите партнери гледаат дека во нашава земја владее арамилакот, пустошот. Токму од тие причини, датумот не само што може да биде условен, туку и одложен за други времиња“, изјави Мицкоски при посетата на скопската општина Карпош.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO