Светиот синод на Грчката православна црква / ГПЦ / денес официјално ја призна автокефалноста на Украинската православна црква / УПЦ /.

Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествувале 80 архиери. Одлуката ја објави Архиепископот на Атина и цела Грција, Jeроним.

По одлуката на синодот, кој е донесена од 80 архиери од Грција, Архиепископот на Грција, Jeроним, од денес натаму ќе го спомнува својот украински колега Епифаниј за време на религиозни служби заедно со други регионални православни водачи и тој ќе биде сметан за член на семејството на Православната црква.

Овој потег се случи откако Jeроним одлучи да ја продолжи седницата на Светиот Синод, која започна во вторникот, за да владиците би можеле да разговараат за барањето на патријархот за давање на автономија на Православната црква во Украина.

Имено, Јероним го постави ова прашање на саботниот состанок на Синодот, редок настан што укажа на намерата на архиепископот да ја нагласи поддршката на грчката црква за барањето на патријархот. На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј го потпиша во Истанбул декретот за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томас за автокефолноср. На овој начин, Вселенскиот патријарх, духовниот водач на сите православни христијани ширум светот, стави крај на повеќе од 300 години московско владеење. Украинската православна црква е под власт на Руската православна црква уште од 1686 година.Йе

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO