Германија планира да потпише безбедносен договор со Северна Македонија следната недела за соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Потпишувањето е закажано на 17 октомври, според одговорот на германската влада на пратеничкото прашање на левичарот Аnдреј Хунко, соопшти ДПА. Разговорите поврзани со безбедноста се уште се одвиваат меѓу германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер и неговиот македонски колега Оливер Спасовски.

Северна Македонија е транзитна држава за мигрантите кои бараат спас во Западна Европа.

Германскиот министер неодамна изјави дека работната група за Западниот Балкан иницирана од Австрија има за цел да постигне „координирани, континуирани истраги за разбивање на криумчарски мрежи и ланци на трговија со луѓе.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO