Франција планира да го блокира стартот на преговорите за членство во Европската унија со Северна Македонија и Албанија, рекоа денеска дипломати на ЕУ во услови кога министрите за надворешно рабори на блокот следната недела треба да одлучат за ова прашање, објави германската новинска агенција ДПА.

ДПА пишува дека ваквата одлуката ќе им нанесе огромен удар на двете балкански земји, откако Европската комисија претходно оваа година објави дека тие ја завршиле потребната работа за да го продолжат пристапот во ЕУ, но дека Париз тврди дека реформските напори на двете држави не се доволни и бара фундаментален ремонт на процесот на пристапување како предуслов за почнување на преговори, според дипломатските извори.

Франција наводно смета дека процесот е многу технички и оти тешко може да сопре ако се влошат околностите. Француското вето ќе ја стави земјата во судир со Германија и другите земји членки кои веруваат дека земјите треба да ги почнат преговорите со ЕУ, пишува ДПА.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO